Македонија

Активни повеќе пожари низ територијата на цела држава

Центарот за управување со кризи на страницата објави информација за активните пожари на отворено до 18 часот.

Скопски регион
Во место викано Љуботенски бачила зафатена е поголема површина на нискостеблеста дабова шума и трње, а во моментот дува силен ветер и го шири пожарот кон м.в. „Башинец“.
Пожарот во близина на фабриката за тули „Типо“ – Драчево е изгаснат. Пожарот зафати дел од пругата, поради што сообраќајот беше во прекин на релација Скопје – Велес, но веќе е нормализиран.
Шумски пожар е појавен и кај манастирот Св. Богородица – Матка, а поради силниот ветер пожарот се шири брзо. До сега е опожарена голема површина на даб и смрека.

Битолски регион
Пожарот кај селата Прељубје и Покрвеник.- Перово место викано Вича е целосно изгаснат.
Пожарот во Национален Парк Галичица реонот туристичка населба Сирхан-м.в. Кале е ставен под контрола.
Во општина Долнени појавен е пожар кај село Небрегово гори шума, на терен се екипи од ТППЕ-ПРИЛЕП.
Активен пожар има кај с.Топлица во близина на каменоломот, на терен се екипи од ТППЕ-ПРИЛЕП.

Тетовски регион
Пожарот кај с.Лакавица, општина Желино е се уште активен. Пожарот се шири кон село Седларево потпомогнат од силниот ветер.
Во општина Гостивар појавен е шумски пожар кај село Ѓурѓевиште на пожарот интервенираат од ТППЕ Гостивар

Охридски регион
Во моментот има активен пожар во атарот на село Рамне во многу непристапен терен, гори ниска деградирана шума и смрека. На гаснење на пожарот има вработени од ШС.Сандански.
Во општина Македонски Брод се интервенира на пожар во атарот на село Ботушје каде гори дабова шума.

Велешки регион
Активен пожар има во атар на с. Црешнево. Во гаснењето на пожарот интервенираат екипа на ШС Бабуна и пожарникари од ТППЕ Велес.
Во општина Чашка има пожар во атарот на с. Богомила, екипа на ШС Бабуна интервенира со правење на заштитен појас .

Штипски регион
Во атарот на с. Саса м.в Маалаците пожарот е локализиран, но дел од пожарот се уште e активен и зафатена е нискостеблеста шума на површина од околу 150 Ха.
Во општина Берово има активен пожар во атарот на м.в Цареви колиби, Владимирово каде гори папрат и деградирана дабова и борова шума. Во гаснење на пожарот интервенираат вработени од Шумското стопанство и месно население за да се спречи ширење на пожарот кон викенд куќички.

Струмички регион
Во атарот на с. Свидовица с. Куклиш има шумски пожар каде гори борова шума. Во гасењето учествуваат од ТППЕ Струмица и од ШС Беласица.

Кумановски регион
Во Општина Липково пожарот во атарoт на село Никуштак кај место викано Баре е изгаснат.
Во општина Крива Паланка во атарот на с. Габор маало Милчовци према Метежево има пожар каде гори сува трева и мешовита шума. Во гасење на пожарот интервенираат ТППЕ Крива Паланка и екипа од ШС Крива Паланкa. Шумскиот пожар во атарот на с.Живиње е исто така сеуште активен.

Loading...

Related posts

Leave a Comment