Регион

БУГАРСКИТЕ СОЦИЈАЛИСТИ ПОБАРАА УКИНУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ КОН РУСИЈА

 

На последниот работен ден на бугарскиот парламентот пред летната пауза, БСП повторно зборуваше за укинување на санкциите против Русија. Денес, со 50 потписи на социјалистите, до Националното собрание е поднесена предлог-одлука, која предвидува Бугарија да побара укинување на санкциите изречени од Европската унија (ЕУ) по анексијата на Крим.

 

Според пратеникот на БСП, Антон Кутев, санкциите оштетија сектори како што се туризмот, лесната и прехранбената индустрија. Тој додаде дека Франција и Кипар веќе донеле вакви одлуки, а Белгија и Словачка моментно разговараат.

 

Според БСП, во моментов постои двоен стандард бидејќи големите корпорации инвестираат во Русија.

Loading...

Related posts

Leave a Comment