ФБ Статуси

Венко Глигоров го прозва Макрадули: „Неспособен си и да си одиш“

Венко Глигоров – Поранешниот претседател на Комисијата за економија и финансии и член на Централниот комитет на Либералната партија,го прозва Јани Макрадули

НЕСПОСОБЕН СИ И ДА СИ ОДИШ

Кога е загадено во лето – ќути. Кога почнува ладното – ги “вади” студиите кои кажувале дека главниот причинител е затоплувањето во домовите. Па смислија дека со “500” инвертори ќе решавале смртоносно загадување.

Не сум видел ниедна негова студија на која се референцира. Многу поважно е кој ја финансира студијата. Ако таквите студии се поддржани од Усје, Дрисла и таквите, јасна е борбата.

Но не ни требаат студиите на Министерството … Уверени сме сите дека главното и смртоносното загадување доаѓа од неколку пунктови во Скопје каде се палат недозволиви материи. Дел се фино етаблирани компании, а дел се места/локални објекти каде се пали на диво. Толку јаки шпицови не може да прават ниту домовите ни превозните средства.

Да се вадиш со тоа дека 90% од градовите во Европа се со загадување – треба да си малоумен. Или да мислиш дека ние сме малоумни. Скопје и неколку градови во Македонија се во првите 5 најзагадени градови во светот. За економија сме последни во Европа, а за загадување – први во свет.

Замениче Министре,
да си ги пакуваш куферите и да напуштиш министерството. Ниту си стручен, ни си работлив, а за мито земање не сум сигурен да тврдам. Сега тоа не е ни битно. ДА СИ ОДИШ и да престанеш да не’ труеш.

(ако заменикот не си оди, ЗЗ нема што да бара на премиерското столче)

Please follow and like us:
Loading...

Related posts

Leave a Comment

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial