Свет

Властите во Венецуела ги растераа демонстрантите на опозициските протести

Полицијата во Венецуела вечерва со солзавец го растера протестот на опозицијата која се обиде да се собере во Каракас, незадоволна од прекинот на електричната егенргија која ја погоди земјата од почетокот на март.

Лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо ги повика претходно денеска граѓаните на Каракас на протест, бидејќи од петокот вечерта повторно останаа без струја, пренесуваат западните медиуми.

Првиот долг прекин на електричната енергија траеше од 7 до 14 март, по што следеше нов прекин од 25 до 28 март.

Првиот прекин на електричната енергија доведе до бројни тешкотии во комуникацијата, дистрибуцијата на вода и гориво, но и снабдувањето со храна.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ги обвини САД за хакерски напад на главната електрана во земјата, додека надгледувачите рекоа дека прекинот се случил поради недостатокот од инвестиции и лошото одржување на постоечката инфраструктура.

Loading...

Related posts