Свет

Демократскиот кандидат Сандерс претрпе срцев удар, соопштија лекарите

 

Американскиот демократски кандидат Берни Сандерс претрпе срцев удар na почетокот на оваа недела, објавија неговите лекари во петокот, опишувајќи ја неговата медицинска состојба во многу посериозно светло отколку порано.

Сандерс (78) ненадејно во вторникот ги откажа сите изборни настани , откако почувствувал силна болка во градите. Потоа, тој беше подложен на операција на блокираната артерија и вградување на два стента за да помогнат во работата на крвнит сад.

Неколку часа подоцна, неговата кампања беше рестартирана, а неговата сопруга во четвртокот објави дека Сандерс ќе учествува на четвртата демократска дебата на 15-ти октомври.

Но, во петокот, откако Сандерс ја напушти болницата, неговите лекари кои го изведоа зафатот го претставија случајот во многу посериозно светло.

– Откако доживеа силна болка во градите на отворено, на сенаторот Сандерс му беше дијагностициран миокарден инфаркт, се вели во изјавата на Артуро Мартанд и Арџун Гурурај , користејќи медицински термин за срцев удар.

Двајцата лекари изјавиле дека „сите други крвни садови“ се нормални и Сандерс бил отпуштен со упатства кој ќе треба да ги следи со помош на неговиот личен лекар.

Соопштението, објавено од кампањата „Сандерс“, може да предизвика нови прашања околу возраста и здравјето на Сандерс, во моментот додека тој се бори за номинација во рамките на сопствената партија за да стане демократски кандидат да се соочи со американскиот претседател Доналд Трамп во 2020 година во кампања за претседателските избори.

Loading...

Related posts

Leave a Comment