Свет

„ЕУ треба да се плаши од џихадистите што ги поддржува, а не од бегалците“

ЕПА-ЕФЕ / САНА

Во ексклузивно интервју за руската ТВ РТ, сирискиот претседател Башар ел Асад рече дека стравувањата на европските нации дека Турција ќе им испрати бегалци се лицемерни.

Тој ја обвини ЕУ дека продолжува да го спонзорира тероризмот во Сирија.

Сирискиот лидер тврди дека најголемата грижа на Европската унија треба да биде „стотиците илјади џихадисти со кои е сојузnik“, а не сириските бегалци кои турскиот претседател Реџеп Таип Едоган се заканува дека ќе ги ослободи.

„Како може да се плашите од тие неколку милиони, претежно умерени,помеѓу кој има мал број терористи, додека директно поддржувате десетици, можеби стотици илјади терористи во Сирија и не се плашите дека ќе се вратат во вашите земји?“ запраша Асад.

Асад во интервју за РТ изјави дека може да има екстремисти меѓу оние кои избегале од војната во Сирија, но дека повеќето бегалци не претставуваат закана, за разлика од засилените џихадисти, кои можат да се свртат против своите патрони.

Асад ја опиша врската ЕУ-Турција како врска љубов-омраза. Тој истакна дека иако ЕУ го „мрази“ турскиот лидер, европските земји не можат да сторат ништо друго освен да слушаат што тој има да им каже.

Всушност, односот меѓу Ердоган и ЕУ е сложен: тие го мразат, но им е потребен, рече Асад.

Please follow and like us:
Loading...

Related posts

Leave a Comment

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial