Македонија

Заев : Груевски ќе оди во затвор

Верувам дека наскоро ќе го видиме моментот кога сите, вклучително и Никола Груевски, ќе се најдат на издржување на казната, рече Зоран Заев на годишнината од спектакуларното бегство на поранешниот премиер од државата.

Зоран Заев проценува дека неговиот претходник, премиер на Владата , Никола Груевски, наскоро ќе биде зад решетки за издржување на двегодишна затворска казна за злоупотреба на службената должност.

„Светот е глобално село, никој не може да избега од казна или одговорност. Верувам дека ќе дојде моментот кога сите ќе ги издржат своите казни, а таму ќе биде и Никола Груевски“, рече Заев.

Никола Груевски, кој беше осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба во аферата „Тенк“, за улогата во купувањето на „мерцедес“ по цена од 600.000 евра, ја напушти Македонија два дена пред рокот кога тој требаше да се појави на издржување на казната.

Груевски, преку Албанија, Црна Гора и Србија, побегна во Унгарија каде што побара, а потоа и доби  политички азил. Два дена по неговото бегство, македонската полиција издаде меѓународна потерница за него.

Please follow and like us:
Loading...

Related posts

Leave a Comment

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial