Свет

Захарова : Европските надежи се срушија како Берлинскиот ѕид

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека се разнишале надежите на европските држави дека ќе создадат обединета и просперитетна Европа без линиите за демаркација што се појавија по падот на Берлинскиот ѕид.

Марија Захарова рече дека мирот и безбедноста во Европа треба да бидат универзални и неделиви, пренесува Тас .

“Поради падот на Берлинскиот ѕид, луѓето очекуваа мирна, просперитетна и обединета Европа без линии за демаркација. За жал, тие очекувања пропаднаа. Овие надежи се распарчени како Берлинскиот ѕид”, рече Захарова на прес-конференција.

Таа истакна дека Русија во својата  надворешна политика секогаш ги почитувала и ќе продолжи да ги почитува тие принципи и дека очекува од нејзините партнери „да се најдатна половина пат“.

Утре се одбележуваат 30 години од падот на Берлинскиот ѕид, еден од симболите на Студената војна.

Please follow and like us:
Loading...

Related posts

Leave a Comment

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial