Свет

ЗАХАРОВА: НАТО ЈА ПОТВРДУВА ПОЛИТИКАТА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ТЕНЗИИТЕ

На Самитот на НАТО, посветен на 70-годишнината од Алијансата, во Лондон на 3 и 4 декември, членовите ја ре-брендираа Русија како една од најголемите безбедносни закани, иако за прв пат во историјата на НАТО, имаше закани и од Кина.

 

Самитот на НАТО во Лондон ја потврди политиката насочена кон зголемување на тензиите во сите области, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

„НАТО продолжува да ги спроведува политиките донесени и одобрени на самитите во Велс, Варшава и Брисел, чија цел е да се подигнат тензиите и да се обезбеди превласт на НАТО во сите области – на копно, во воздух, море и во сајбер просторот“, истакна таа .

Како што истакна таа, „колку што разбравме, сојузниците на НАТО го прифатија барањето на Соединетите држави да ги зголемат своите воени трошоци“, пренесува ТАСС.

„Би истакнала дека нивното вкупно воено трошење претставува повеќе од половина од светските трошоци и ја надминува Русија за повеќе од 20 пати“ , рече Захарова.

Таа истакна дека НАТО размислува да ја надмине географската област на одговорност, фокусирајќи се особено на Кина.

„НАТО ги зголемува своите активности во областа на информациите и комуникациите, како и најсовремените технологии“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.

На Самитот на НАТО, посветен на 70-годишнината од Алијансата, во Лондон на 3 и 4 декември, членовите ја ре-брендираа Русија како една од најголемите безбедносни закани, иако за прв пат во историјата на НАТО, имаше закани и од Кина.

Loading...

Related posts

Leave a Comment