Македонија

Капетан ,,Беле Лаѓе” Заев ги лажел арачиновци дека ќе ги вработи како пилоти (ВИДЕО)

Во вчерашната емисија на дебатниот магазин “Click Plus” на ТВ21  жителите на Арачиново изјавија дека се разочарани бидејќи премиерот Заев им ветил дека ќе бидат вработени 300 пилоти од Арачиново.

-Најголемата лага е дека ќе се вработат 300 пилото од Арачиново, рече жителот на Арачиново. Новинарот во неверување прашува, кој тоа им ветив дека ќе бидат вработени 300 пилоти, на што жителот од Арачиново експлицитно одговара дека такво нешто им ветил Социјалдемократскиот сојуз кои сега се на власт. Ми рековте зад камерите и да ти кажам право не разбрав убаво. Сега кој ви ветил дека ќе вработи 300 пилоти, прашува новинарот на Тв21.

Жителите велат дека власта не можеше да им каже поголема лага од оваа. Тие додаваат дека иднината на младите од Арачиново е во странските амбасади каде чекаат виза за да ја напуштат државата.

– Овие што се на власт сега. Социјалдемократскиот сојуз, да. Значи тоа е најголемата лага што можеш да му ја кажиш на човек, ќе одиш пилот. Се случило и тоа тука во нашето село. Празни ветувања. На младината од Арачиново и останува само да одат по странски амбасади, да бараат визи и да си одат сите од тука, рече младиот жител на Арачиново.

Please follow and like us:

Related posts

Leave a Comment

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial