Свет

Кошмар за Џозеф Бајден : Блумберг влегува во трката за претседател на САД

Американскиот милијардер и поранешен градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, испрати силен сигнал дека ќе се кандидира на претседателските избори, бидејќи поднел документи во неговата изборна единица во Алабама.

Блумберг,со намерата да се кандидира за номинација, ги потресе редовите на Демократската партија, иритирајќи ги поддржувачите на поранешниот потпретседател на САД, Џозеф Бајден. Сенаторите Елизабет Ворен и Берни Сандерс го обвинија дека „има намера да ја купи највисоката фунмција во земјата“, пренесува Њујорк Тајмс .

Според весникот Њујорк Тајмс , потегот на Блумберг покажува дека тој се определил за необична стратегија – прескокнувајќи ги изборните кругови во Ајова, Њу Хемпшир, Невада и Јужна Каролина и ќе се фокусира на поголемите сојузни држави.

Според ББС , портпаролот на Блумберг, Џејсон Шехтер, изјавил дека Блумберг и официјално ќе ја објави својата кандидатура следната недела.

Општо е верувањето дека Блумберг е загрижен дека сегашните кандидати за претседател на демократите не претставуваат доволен предизвик за актуелниот претседател Доналд Трамп.

Блумберг влегува во доста голема толпа како еден од 17-те аспиранти кои се надеваат дека ќе бидат кандидат на демократите за претседател на САД.

Please follow and like us:
Loading...

Related posts

Leave a Comment

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial