Колумни

Мама или Родител1? Целта е Ништење на Нациите и Десеткување на Човештвото! – Ѓорѓиевски Блог!

Секоја минута ширум светот се раѓаат околу 250 бебиња. Во просек секоја секунда се раѓаат по четири бебиња. Дневно, светот е побогат за повеќе од 300,000 и истите тие година дена покасно за првпат во животот ќе го изговорат својот прв збор МАМА, или не. Можеби ќе постои казна за бебињата доколку речат мама а не “родител1”.

Дали изговарањето на зборот Мама ќе биде прекршочно, ако не и кривично дело? Како ќе се спроведува некој закон ако за него не постојат казнени мерки? Зарем казни за бебињата?

Милиони деца на стотици јазици на ист начин проговараат и со истиот збор, МАМА. Со истиот тој збор ги стоплуваат срцата на своите родители, МАЈКА И ТАТКО, насекаде низ светот.

Глобалофашистичките мултинационални компании преку генетски модифицираните растенија сакаат да ги уништат пчелите и нивната МАјка МАтица.

Глобалофашистичките мултинационални организации, отворено општество, нато и еу преку психолошко модифицираните црпковци сакаат да ги уништат МАкедонците и нашата МАјка МАкедонија.

Глобалфашистичките мултинационални организации, отворено општество, нато и еу преку психолошко модифицираните црпковци сакаат да ни ги наметнат родител1 и 2, на местото на мама и тато. Во исклучителни ситуации може да постојат Црпко1 и Црпко2, или Црпка1 и Црпка2. Но Родител1 и Родител2 не постојат, постојат само Татко и Мајка.

Затоа господо одродени, дехуманизирани, одчовечени глобал фашисти, ако се чувствувате помоќни од Бог, природата и мајката земја, прво искоренете ги гладот и војните во светот, а после ако е потребно менувајте ги имињата на родителите, и рекомпонирајте ги нивните биолошки, емоционални и социјални функции.

Ако ги снема пчелите ќе ја снема природата. Ако ги снема Македонците, ќе ја снема Македонија. Ако ги снема мајката и таткото, ќе ги снема семејствата, ќе ги снема децата, ќе го снема човештвото. Затоа мои мили Македонци #Бојкот на глобалофашистичкиот систем, и на се што организираат, #Бојкот на претседателските избори и #Бојкот на целиот корумпиран естаблишмент до неговиот пад и регенерирање на Македонската државност и нација заедно со сите други слободолјубиви народи кои ја водат истата борба.

Боби Ѓорѓиевски Блог #Родина

Член на Иницијативниот Одбор на Родина-Македонија

Бидете дел од тимот на Родина.

Електронска пристапница:

https://form.jotformeu.com/90614003581347

Loading...

Related posts