Разно

Мареј се врати на терените, ќе биде ли подготвен за Вимблдон?

Најдобриот британски тенисер во новата ера Енди Мареј се чини дека набрзо ќе стави крај на богатата кариера.

Проблемите со колкот се преголем товар за него и неговиот тим. Последната операција во јануари му донесе добри вести, но прашање е дали 31-годишникот од Глазгов може да се справи со психолошкиот тест.

Цело време се зборува дека неговиот последен турнир ќе биде Вимблдон. Британскиот тенисер по настапот на Австралија опен вети дека ќе направи максимален напор за уште еднаш да се појави на терените и ако има можност тоа да биде Грен слем турнирот во Лондон.

На социјалните мрежи се појави прва фотографија од Мареј на тениски терен од операцијата на стартот од годината.

Прашањето останува исто – дали ќе го гледаме на Вимблдон?V

View image on Twitter

Olympic Channel@olympicchannel

🎾
👏
📷

Double Olympic champion @andy_murray is back on the tennis court for the first time since the hip operation.

via Facebook: craigallenperformancetennis@ITF_Tennis @TeamGB6411:49 AM – Mar 30, 201919 people are talking about thisTwitter Ads info and privacy

Тенискиот ветеран е трикратен Грен слем шампион и двоен освојувач на олимписко злато. 

Loading...

Related posts

Leave a Comment