Колумни

Милена Јошевска : Да се стави крај на двопартизмот – Решение Евроазиска Унија

Македонија се осамостои во 1991 година и од тогаш била водена од 2 партии Дпмне и Сдс и сме тапкале во место, немало никакви промени и реформи во ништо, се остана така како што си беше. На овие партии не им беше важно да направат нешто за државата туку за нивните бизнис интереси и се бизнис ориентед партии од Груевски за Камчев и Мијалков, Заев за него, Црвенковски за Николова.

Години по ред се повторува истата песна без промени и затоа сега треба да се извлече поука и да не се повторува истата грешка и да се стави крај. На оваа држава потребно и е да дојде нова партија неизгадена која нема ниту една дамка, партија која Македонија ќе ја поведе напред. Не добивме датум за преговори за Еу токму поради тоа што за овие години ние не направивме ништо со што ќе ги поттикниме да ни дадат. Не направивме реформи во судството,правосудството,културата, уметност,образование, полиција и спорт. Наместо да ги задржиме најрентабилните фабрики и притоа да отвориме нови бидејќи сме нација која е во позиција да произведува и продава, ние ги затворивме и не отворивме други. Имаме само слободни економски зони Бунарџик Жабени итн,во  кои работи мал дел од луѓето. Второто решение за Македонија е Евроазиската Унија која што ќе биде појака од Еу и каде ние како држава ќе имаме поголема корист. Евроазиската унија е унија на Балканот, Кина, Јапонија, Индија и Индонезија. Луѓето во тие земји се многу работливи и инвентивни, луѓе кои можат да измислат производ и да го продаваат на пазарот и автоматски ќе се отворат нови фабрики и нови вработувања. Креаторот Владимир Владимирович Путин т.е Русија, е светска сила и најголем произведувач на оружје кое го продава на САД и Еу. Македонија тука е во поволна позиција затоа што има големи рудни богатства незагадена земја со хемикалии, произведува органско овошје и зеленчук, месо и месни производи, јајца, млеко и млечни производи, кој не се ГМО, исто така и земјата е плодна. Имаме питка вода за пиење која е чиста и безбедна, ја имаме скоро на секој чекор, можеме да ја продаваме флаширана. Со влезот на Македонија во Евроазиската унија може да достигне повисоко ниво и да биде уште појака од Еу.Србија веќе е на чекор до неа, сега ние сме на ред. Ни во Еу не е сјајно, бидејќи Британија која беше движечка сила, сака да излезе од неа. Следна ќе биде Италија и ќе има повеќе излез од влез, и ресурсите на Еу веќе ослабнуваат, за 5 до 6 години Еу ќе сака да се приклучи на Евроазиската унија. Исто така,светла точка е Путин затоа што тој е цврст и стабилен човек. Резиме, нова партија и влез во Евроазиската Унија.

Милена Јошевска

Please follow and like us:
Loading...

Related posts

Leave a Comment

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial