Свет

Моралес: Во тек е обид за пуч

Претседателот на Боливија, Ево Моралес, објави дека во тек е „обид за пуч“ по немирите предизвикани од полициските службеници во три града.

„Сестри и браќа, нашата демократија е во опасност поради обидот за пуч што го водат насилните групи против уставниот поредок. Ние го осудуваме овој напад врз владеењето на правото пред меѓународната заедница“, рече Моралес на Твитер по итниот состанок со министрите

Моралес го повика народот да „ја брани демократијата“.

„Ги повикувам нашите граѓани да се грижат за демократијата и уставот во мир со цел да го сочуваат мирот и животот како најголемо добро над сите политички интереси “, рече лидерот на Боливија.

Најмалку три полициски единици вчера се побунија против Моралес, во градовите Сукре, Кочабамба и Санта Круз.

Боливиската влада досега ја отфрли можноста за ангажирање армија против бунтовничката полиција.

Тактичката единица во централниот град Кочабамба се побуни вчера, по што следеа специјалните сили во главниот град Сукре и упориштето на опозицијата Санта Круз.

„Ние ја откажавме послушноста“, рече еден полицаец во Кочабамба, додека друг рече дека полицијата „ќе биде на страната на луѓето, а не на генералите“. И на двајцата лицата им беа скриени.

На снимката, која директно се емитуваше во живо на телевизија, се гледаат дваесетина полицајци кои се качуваат на покривот на зградата на полицијата со боливиско знаме, додека десетици млади демонстранти ги храбрат од улицата.

„Полицијата на Чукисака (област Сукре) ги поддржа другарите кои ја откажаа послушноста во Кочабамба“, рече маскиран полицаец во Сукре.

Регионалниот лидер Луис Фернандо Камачо, медиумски највидливиот и радикален боливиски опозиционер, денеска побара од војската и полицијата да застанат на страната на опозицијата во кризата предизвикана од реизборот на Моралес.

Камачо беше на митингот во Ла Паз кога пристигнаа вести за бунтот во Кочабамба. Собраните демонстранти извикуваа „Пријателу полицаец, народот е со вас“.

Кризата во Боливија трае веќе три недели, а во пост-изборното насилство три лица го загубија животот додека околу 200 се повредени.

 

Please follow and like us:
Loading...

Related posts

Leave a Comment

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial