Свет

Нетанјаху: Израел ќе го “прошири суверенитетот” над населбите на Западниот брег

Претходно израелскиот премиер навести дека може да ја анектира областа на Западниот Брег, која е целосно под контрола на Тел Авив. Тој, исто така, објави дека му рекол на американскиот претседател Доналд Tрамп дека според него сите населби на Западниот брег “мора да останат под израелски суверенитет”.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека ќе го продолжи израелскиот суверенитет над населбите на окупираните територии на Западниот Брег, ако освои уште еден мандат на претстојните избори кои треба да се одржат на 9-ти април, објави Ројтерс.

“Ме прашувате дали се движиме кон следната фаза – одговорот е да, ние ќе се преминеме на следната фаза. Ќе го проширам [израелскиот] суверенитет и не правам разлика меѓу населбите и изолираните населби” , рече тој во интервју за израелскиот канал 12.

Говорејќи во интервју за Канал 13 во петокот, Нетанјаху рече дека според него “сите населби на [Западниот брег] мора да останат под израелски суверенитет” и дека тој ја испратил својата позиција до американскиот претседател Доналд Трамп. На прашањето дали верува оти Трамп ќе го признае потегот, израелскиот премиер рече дека “ќе чека до следниот мандат”.

“Ветувам дека ќе бидете изненадени. Не можам да зборувам за овој план, но американскиот претседател Доналд Трамп е голем пријател и јас се сомневам дека некогаш ќе имаме поголем пријател од него”, рече тој во интервју на хебрејски јазик  за дневниот весник Израел Хајум.

Од инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп, САД направи неколку потези за поддршка на израелските територијални претензии. Прво, Трамп го призна Ерусалим како главен град на Израел и ја премести американската амбасада таму од Тел Авив, каде што се наоѓаат повеќето дипломатски мисии, во мај 2018 година.

Подоцна, на 25 март, САД ги признаа израелските барања за окупираните Голански висорамнини, каде Тел Авив неодамна одржа  локални избори. И двете признанија беа широко осудени од страна на меѓународната заедница и ООН, но поздравени од Тел Авив

Потегот на Американската амбасада во Ерусалим, исто така, предизвика протести на границата во Газа, кои се одржуваат повеќе од една година . Демонстрантите редовно се судираат со израелските сили на границата, што доведе до стотици жртви за време на митинзите. Тел Авив ги осуди протестите, тврдејќи дека тие се организирани од Хамас за тајно да го нападнат Израел.

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment