Свет

НОВА ИЗНЕНАДУВАЧКА ИЗЈАВА НА МАКРОН : Русија има 3 сценарија – Тие гледаат на нас како вазали на САД, но ние ќе го промениме тоа

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Русија има три сценарија за развој, од кои првото е Русија да го врати статусот на суперсила.

Тој истакна дека ова сценарио е доста комплицирано затоа што Русија во моментот нема доволно економска моќ и население.

Вториот пат, на рзвој според францускиот претседател, е „евроазискиот модел“, но во тоа сценарио проблем преставува  Кина која е доминантна сила во тој регион.

Покрај тоа, рускиот претседател Владимир Путин се повеќе се  оддалечува од ставовите  на кинескиот лидер Си Џипинг, додаде Макрон.

Како трето сценарио, Макрон наведе изнаоѓање нов и избалансиран модел на односи со Европа.

„Москва во моментов ја гледа Европа како американски вазал затоа што НАТО се приближи до руските граници, но во иднина оваа позиција може да се ревидира“, рече францускиот лидер.

За потсетување, францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за британскиот „Економист“ рече дека НАТО е мртов и дека Европа е на работ на бездна.

Тој исто така ги предупреди членките на ЕУ дека веќе не можат да се потпираат на Соединетите држави, односно дека од Америка веќе не може да се очекува да се залага за земјите членки на НАТО.

Во овој поглед, зборуваше и официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова, која ги оцени зборовите на францускиот претседател како опишување на вистинската состојба на Северноатлантската алијанса.

Please follow and like us:
Loading...

Related posts

Leave a Comment

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial