Свет

„Откако НАТО ќе се опорави, ние ќе бидеме таму“: Лавров се шегува за „дијагностицираниот мртов мозок на НАТО“

Францускиот претседател Емануел Макрон беше совршен човек за дијагностицирање на НАТО како „ мртов мозок“, изјви рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, велејќи дека Москва е подготвена за закрепнување на алијансата од сите заболувања.

„Не би сакал да се повлечам на дискусија за медицинската страна на овој проблем“, им рече Лавров на новинарите, на настанот за контрола на оружјето во Москва.

Тој додаде, саркастично:

„Ако Макрон почувствувал дека дијагнозата што тој ја даде [за НАТО] е толку очигледна – тој има право да ја изјави. Тој го знае НАТО подобро од мене, бидејќи тој претставува нација која е членка на алијансата “.

Лавров истакна дека Русија останува заинтересирана за градење заемно корисни односи со блокот предводен од САД, што ќе се заснова на еднаква основа.

Значи, штом НАТО се опорави, ние ќе бидеме таму.

Портпаролот на Кремлин, Дмитриј Песков, рече дека трансатлантската воена алијанса е дизајнирана за конфронтација уште од своето основање,алудирајќи на дијагнозата на Макрон за моменталната состојба на НАТО.

„Без разлика дали НАТО е жив или мртов, и кои од неговите делови се коматозни – ние не сме тие кои одлучуваат. Ние не сме патолози “.

Францускиот претседател претходно изјави дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт “, како резултат на недостаток на координација и разбирање меѓу нејзините членки.

Германската канцеларка Ангела Меркел и шефот на НАТО, Јенс Столтенберг го критикуваа неразумниот избор на зборови на Макрон.

Please follow and like us:
Loading...

Related posts

Leave a Comment

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial