Свет

Откриено ново иранско нафтено поле, капацитет 50 милијарди барели

Иран започна со изградба на втор нуклеарен реактор во централата во Бушер, на околу 700 километри јужно од главниот град Техеран, јави иранската државна телевизија.Ќе биде изграден со помош на Русија во време на засилени тензии околу неуспехот на нуклеарниот договор на Техеран и светските сили. Откриено е нафтено поле со 53 милијарди барели нафта во јужниот дел на Иран, што значително ќе ги зголеми нејзините инаку големи резерви на црно злато.

„Иранската државна нафтена компанија откри ново, огромно нафтено поле. Тоа е длабоко 80 метри и зафаќа површина од 2.400 квадратни километри. Ова докажува дека имаме богата земја“, рече иранскиот претседател Хасан Рохани.

И покрај непријателството кон Иран и суровите американски санкции, Рохани и кажа на Белата куќа дека иранските работници и инженерите откриле ново поле од 53 милијарди барели во деновите кога беа воведени санкции за продажба на нафта.

„Ако земеме само еден процент од таа нафта, нашите приходи ќе се зголемат на 32 милијарди долари“, вели иранскиот претседател.

Иран се наоѓа на четвртото место во светот по бројот на нафтените полиња, веднаш зад Венецуела, Саудиска Арабија и Канада.

Ова е „мал подарок од владата на народот на Иран“, рече Рохани, бидејќи САД повторно воведоа економски санкции во 2018 година.

БДПто на Иран се очекува да падне за 9,5 проценти оваа година, објави Меѓународниот монетарен фонд.

 

Please follow and like us:
Loading...

Related posts

Leave a Comment

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial