Колумни

Пенетрациjа на Папството – Зоран Курљан

 

Почетоците на црковната шизма се наѕирале уште во 867 г. кога започнале меѓусебните обвинувања , кои длабоко ги нарушиле  односите на релациjа : Никола Први и константинополскиот Патриjарх Фотиj . Покраj несогласувањето за догматски теми , првенството на  римскиот епископ , едно од , наjгорливите , прашања било : главствувањето над Патриjаршиjата создадена на  територијата од Македониjа, коjа Василиj Вториот ( после победата над Самуил ) jа уназадил до Архиепископиjа во  претходното седиште Охрид – претходница на МПЦ- Охридска Архиепископиjа.
Следната етапа  на шизмата се однесува на 1054 г. со заимното предавање на анатеми од Римскиот легат Хумберт и Константинополскиот Патриjарх  Михаил Кирулариjа.
  Дефинитивното раскинување на односите се случило во 1204г. со освоjување на Константинопол од страна на крстоносците во грабителскиот налет , познат како ,, Четврта крстоносна воjна ,,. Ужасите , грабежите ,мородерствата , кои имале место на случување во Константинопол 1204 г. сликовито опишува У. Еко во историскиот роман ,, Баудолино ,,…
        Просипувањето на песочни Хималаи низ клепсидрата на религиjата на помогна во стивнување на страстите во Ватикан , неговата желба за власт и контрола над ,, еретичните православни ,, е жива како да не поминале повеќе од 1800-тини години.
При една од средбите со руското ; црковно и државно ракрводство , Римскиот Понтифик , разоткри една негова мала таjна . Рече , на неговата работна маса , присутни се Толстоj и Достоевски. Ако не беше  куртоазна  фраза пред средбата со неговите руски визави , тогаш , проповедите се пркосат со делата , . Грофот Толстоj , признат за наjдобар романописец во 20-тиот век  од страна на литератори , писатели и литературни критичари во 2013 г. , беше екскомунициран од РПС заради неговиот став кон Црквата , наjексплицитно искажан во романот ,, Воскреснување ,,. ,, Да се подели црквеното богатство , земjа преди се , меѓу крепосните селани ,,- е лаjт мотивот во неговото дело. Еднаквост , социjално равенство , бил нереализираниот сон на грофот , коj  според концептот за соц- справедливост , го живееше животот во Jасна Полjана. , Старецот , е името со кое му се обраќале блиските , а неговиот авторитет останува жив  дури и постхумно  во сеќавањата на големиот драматург – Чехов Антон Павлович. Толстоj е рускиот Богумил – како што го нарече Старецот , во една прилика Ефтим Клетников.
      Другиот избран автор , од страна на Франциско , е писателот коj ги заковуваше  зборовите во белината на чистиот лист хартиjа , метафорите му се ,, бучни ,, во нивното отсуство , а ирониjата е снисходлив комплимент. Во неговиот ,, Идиот ,, Достоевски вели ( парафразирано ) – во моментот кога римскиот папа го промени Исус на себе  и седна на неговиот престол , тогаш го изврти светгледот на верниците . Уште , во ,, Браќа Карамазови jа откри доктрината на Католичката Црква како : Црква коjа се стреми да биде држава , додека : Православието  се труди од државата да направи Црква. Изборот на авторите кои живеат на работната маса  од Папата остава недоумение во стадото негово.
       Како тврдењето за ,, пенетрациjа на папството ,, во светот на православието , не е празнозвучно потврдуваат и акциите како ,, Папата за Украина ,, коjа има цел : продирање на неговото влиjание , не само на западот од Украина ( каде ионака повеќето жители се Католици ) , туку и во Донбас , традиционално православно уточиште на руско-jазичните Украинци.
Во време на уривањето на СССР , Ватикан го одбра Jован Павле Втори. Како Полjак  ( Славjанин ), тоj имаше за цел да го развие ,, хуверовиот антикомунизам ,, низ државите – сателити (исто со славjанско , доминантно население ). А според договорите што биле склучни во тоа време , минатите збиднувања покажаа дека рушењето на Советскиот Сојуз имаше поддршка и од М. Горбачов , коj поверувал во приказните на Реган , Тачер и Jобан Павле.
 Каква коинциденциjа!!! Денес , во Македониjа , локалниот ,, Горбачов,, верува во слични приказни , раскажани од маjсторите – раскажувачи : Меркел , Меj , Макрон и други понемушти раскажувачи – чираци и  калфи.
Како што се менуваат времината ( продолжување со продлабочување на  плановите скроени од глобалистичката елита ) , така ,папството, го врши сопствениот ,, кастинг,,. Со изчезнување на животните функции каj жртвата СССР : СФРJ , Чехословачка и останатите држави со слично  општествено и политичко уредување – паднаа како кула од карти под тежината на пиjан коцкар.
 Следниот Римски Понтифик беше Бенедикт ,, оловната тупаница во кадифени ракавици ,,. Неговата улога беше : -кратка , но ефектна и ефикасна преди се . Целта беше постигната . Преодот од социjалната демократиjа кон нео-либерализамот заврши успешно и на Папата му беше дозволен одмор , награда за успешно завршената мисиjа. Нео-либералните нови вредности :  дизаjнирање на целни групи и наметнување на ,, проблемите ,, своjствени за тие групи над реалните проблеми од мнозинството во општеството, за ,,институционализираната вера,, носи опасност од создавање на ,, синкретска религиjа ,, коjа би  довела до маргинализациjа на нивното владичество над голем дл од Човештвото. Но и за таа трка има ас  Ватикан. Папата Франциско ( љубителот на Толстоj и Достоевски ?) е типичен преставник на Jезуитскиот Ред. Поборник на техниката ,,мека сила ,, е носител на главната  jезуитска синтагма  , коjа довела своевремено до неучство на овоj религиски ред во ,, светата инквизициjа ,,. Компромис , изграден врз долги полемики е подобро решение отколку било какво насилство. Оваа нивна методологиjа им дозволи да бидат преставувани како : бели , меки и воздушести , во аналите , на со крв напишаните ватикански страници.
 Самарин А. Д. дава целосна слика на светот од Jезуитите кога вели : ,, Православието е – одржување на верата во услови на реалност , коjа брзо се менува ,, додека ,, Jезуитството е – Прилагодување ( приспособување ) на верата во услови на реалност , коjа брзо се менува ,,. Дека е точна формулациjата за  Православието  говори и неговата возраст , коjа брои години кои задираат во т.н. ,, предисториjа ,, и чиj наследник е  Православното Христиjанство , кое пак , англо- jазичните луѓе неправилно го преведуваат како – ортодоксно ( ахаjски термин за Православието ). А , за тоа што англо- jазичните , немаат термин со коj би го превеле  зборот :- православие , Масарикон им е крив ( Царство у Небесно ).
 Исто така , докажана е правдоподобноста и на втората теза , преку делување на разни НВО , корумпирање на државни службеници , СМИ подконтролни на Ватикан , преку ,, мимикрирање ,, Редот ги добива резултатите за кои плаќа. А , многу вековното искуство му потврди на Jезуитскиот Ред дека цела вечност имаат пред себе , и  нема потреба никаде не се брзаат… Се во свое време .
    Во овоj контекст се и патувањата на Папата : да се провери почвата , да се погледне во семето и  процени неговата виталност. Зошто , 1054 , сеуште не е завршена. Тогашните апетити само се зголемиjа за време-постот во траење на  шизмата.
Зоран Курљан
Loading...

Related posts

Leave a Comment