Македонија

ПРИКАЗНАТА НА ЕДНА БАБА ЗА КРАЛОТ, ЗА ЛОПОВОТ, ЗА МАЈКАТА И ЗА НАС МАКЕДОНЦИТЕ

Фејсбук статус на професорот Горазд Росоклија

ПРИКАЗНАТА НА ЕДНА БАБА
ЗА КРАЛОТ, ЗА ЛОПОВОТ,
ЗА МАЈКАТА И ЗА НАС МАКЕДОНЦИТЕ

Многу одамна, во едно кралство, кралската стража фатила лопов.

Го осудиле да виси на бесилка, но во тоа кралство постоел обичај, на тие што ги бесат да им ја исполнат последната желба.

Кога кралот го прашал лоповот која му е последната желба, тој одговорил дека последна желба му е да ја види мајка си.

Дошла мајката, лоповот ја фатил за јазикот и и го отсекол.

Зачуден, кралот го прашал лоповот зошто и го отсекол јазикот на мајка си?

“Таа ме гледаше како крадам и никогаш не ми рече ниту еден збор”, му одговорил лоповот.

Ние Македонците, 30 години гледавме што ни прават политичките партии.

Сите видовме како соработуваа и се испазарија за непостоење македонска држава и македонска нација.

После сè, или со неизлегување на гласање ќе проговориме и ќе кажеме не на судбината на непостоење која ни ја одредиле, или самите себеси ќе треба да си ги пресечеме јазиците.

Партиите не втурнаа во избори на кои им треба само цензус за да ја исполнат задачата наметната од надвор, после што, македонски народ, македонска држава и македонска нација нема да постојат.

Loading...

Related posts

Leave a Comment