Македонија

Ременски остана без патни исправи, не смее да го напушти Скопје и мора да се јавува во суд

Судот ги прифати предлозите на обвинителката Вилма Русковска за одредување мерки на претпазливост на осомничените во новата истрага за измами на Меѓународниот сојуз на Боки 13.На осомничената пратеничка Фросина Ременски и на таткото на Боки 13, Миле Јовановски изречена им е забрана за напуштање на живеалиштата, одземени им се пасошите и имаат обврска еднаш неделно да се јавуваат во судот. Асистентката на Боки 13, Христина Блажевска, која исто така е осомничена, остана само без пасош.

Тројцата денеска беа изведени пред судија на претходна постапка. Од Судот велат дека при донесување на решенијата ценети се фактите и доказите во предлогот на Обвинителството, како и исказите на осомничените лица.

Синоќа на распит пред судија на претходна постапка беше донесена и осомничената Јасна Мандиќ, која е потпретседателка на Меѓународниот сојуз. Иако обвинителката Вилма Русковска бараше притвор за Мандиќ, судот определи поблага мерка, односно ѝ одреди домашен притвор.

Според Обвинителството, првоосомничениот Боки 13 успеал да извлече околу 950 000 евра од двајца инвеститори, лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата. Обвинителството смета дека останатите осомничени со умисла му помагале на Боки 13, во извршување на кривичните дела перење пари и измама. Обвинителството ја товари пратеничката Ременски дека со присуство на средбите што Боки 13 ги организирал со управители на градежни фирми, за наводни проекти за изградба на старечки домови, го искористила својот углед и авторит и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.

Боки 13, веќе е во притвор за „Рекет“.

Please follow and like us:

Related posts

Leave a Comment

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial