Политика

РОДИНА : Господине Мицковски, Заев не во историјата, туку треба да оди в затвор

ПАРТИСКА РЕАКЦИЈА РОДИНА

Господине Мицковски, Заев не во историјата, туку треба да оди в затвор

A СДС не во опозиција, туку во меѓународен список на забранети терористички организации за злосторство против сопствениот народ.
За потсетување, Заев не го избра народот на избори, туку го наметнаа на власт воено-разузнавачки структури, преку нелегални прислушкувања, закани упатени кон тогашниот легитимно избран премиер, за кои јавноста имаше прилика да се увери од снимениот материјал и серија јавни деструктивни акции режирани и платени од странски организации а во јавноста познати како шарена револуција. Сето ова се случуваше со силни дипломатски притисоци од одредени западни амбасадори и западни политичари, припадници на темната западна елита. Сето ова сумирано, а прикажано преку призмата на современите воени теории, представува окупација на Македонија и на македонскиот народ, изведена со специјална војна и преку државен удар и воспоставување на марионетска влада, уништување на државата Македонија и идентитетски геноцид на македонскиот народ.

Останува нејасно прашањето зошто вие, како претседател на партија која наводно е заштитник на македонските национални интереси, молчите за оваа ситуација. Или можеби одговорот се крие во фактот што истите тие кои го инсталираа Заев на власт, сега ви ветиле и на вас фотеља во владата под услов да продолжите со геноцидниот проект за уништување на сѐ што е македонско. Вашето однесување во јавноста, а посебно изјавите што ги давате, укажуваат токму на вакво сценарио. Во прилог на ова оди објавата на официјалната страница на вашата партија, но и на вашиот фб профил, во врска со вашето интервју за хрватски Вечерњи лист, во која прво кажувате дека Заев заминува во историјата а грешката е непоправлива. За само после два сати, веројатно после некоја „амбасадорска заушка“, да заборавите на заминувањето на Заев и сторената „непоправливата грешка“ и да ја оправдате одлуката на Макрон. Кој знае во иднина, со оваа ваша особина, какви се неправди кон македонскиот народ ќе оправдате од позиција на премиер која ви ја сервираат истите оние кои го инсталираа Заев.

Но за среќа народот појасно ги анализира работите од вашиот скапо платен аналитички центар, и со сигурност на следните избори нема да гласа за вас и вашиот триесет годишен коалиционен партнер сдс.
Во прилок линк од целото интервју.

https://www.vecernji.hr/…/zaev-je-dao-argumente-makronu-da-…

Please follow and like us:
Loading...

Related posts

Leave a Comment

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial