Политика

Родина Македонија : Реакција на повикот на Мицковски за борба против Заев

За Родина Заев е симбол на погазената волја, достоинство, Устав, чест, закони,свети идеали, меѓународно право и Референдум на македонскиот народ. За Родина Заев е симбол на нелегитимното Собрание со изгласан Претседател надвор од собраниска процедура со недоволен број на пратеници. За Родина Заев е експонент на западните служби и државниот удар со рушење на Македонија, Македонци и Македонско.

За Родина, ВМРО е Внатрешно Македонски Револуционерна Организација, а не Конрад Аденауерова, Американска или Седечка Корумпирана и Компромитирана Организација која даде ⅔ за Северна.

Родина како народна иницијатива, Трите НЕ од Референдумот 30 Септември 2018 се обврска за било какви идни коалиции, сојузи и обединувања.

НЕ за Северна!

НЕ за НАТО!

НЕ за ЕУ!

Секој кој сака себе да се претставува како слуга на народот, како народна партија, треба да ја почитува јасно искажаната волја на македонскиот народ.

Досегашното служење на народот од страна на таканаречените политички елити во западните амбасади, Калето, во западните институти и центри, донесе само корумпирани и компромитирани политичари кои својата лична благосостојба ја изградија на предавството на македонскиот народ и македонските свети национални идеали служејќи на туѓите интереси.
Сите вистински родољубиви организации, движења, партии од републиката и дијаспората ги повикуваме во заедничка борба да ја вратиме Републиката и заедно да ја демонтираме Северна!
За македонскиот народ и за Родина како народен претставник на прво место се Македонија, Закони, Чест, Морал, Правда, Систем на вредности, Устав, Право, па врз тој силен темел градење на силна економија и просперитет.

Театарот со економијата, милијардите на Циле, по еден вработен од секоја фамилија на Бранко, радиодифузната такса и денеска некаква економска обнова на Северна треба да престанат!

Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“

 

Please follow and like us:

Related posts

Leave a Comment

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial