Македонија

РОДИНА ПАРТИСКА РЕАКЦИЈА : Поради корумпираниот човечки отпад на власт, на само 6 км од центарот на Скопје се складираат канцерогени отрови

Поради корумпираниот човечки отпад на власт, на само 6 км од центарот на Скопје се складираат канцерогени отрови

Постојано низ Скопје се чувствува миризба на хемикалија, киселост во градите и неподнослива миризба. Тоа се чувствува и за викендите, кога автомобилите мируваат а и ќумбињата во топлите октомври и ноември. 50.000 тони канцероген линдан на 6 км. од центарот на милионското Скопје. Шарени презентации за чист воздух, една влада, друга влада и последната пучистичка антинародна инсталација која велеше Ајрооо нема, Ајродром, Ајро. Нивните прошетки со маски, Соросовите невладини организации кои театар правеа на улиците, сите до една, имаа само една улога, да урнат една власт и толку.

Во четвртокот на 6км од центарот на Скопје граѓаните уште во 10:30 часот осетија силна миризба. Во 12:00 часот по пријава на граѓаните неколку инспектори гледаа во небото, Ајрото го бараа. Во 18:00 се дозна за хемикалија која може да наштети на милионскиот град Скопје. Никакво предупредување до граѓаните, школите, градинките. Владата смирува, влегла опасна хемикалија во скапана цистерна во центарот на Скопје и се преточува како што се преточува расолница. Сите влади до сега работеа по принципот ЌЕШ, ако е добар ЌЕШОТ може и радиоактивен контејнер да запалите во центарот на Скопје.

Ова е сликата на падот на едно општество, на една држава и нејзината глума дека е држава. Таа држава денеска е најдобро олицетворена во дивата Северна, како дива депонија на човечкиот и друг отпад.

За секоја ссостојба има решение.

Загадувањето прво се решава со човечкиот отпад кој мириса од царина, преку инспекторатите, па до владата.

Please follow and like us:
Loading...

Related posts

Leave a Comment

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial