Политика

Родина : Ќе ги забраниме казината и обложувалниците во Македонија

Родина ќе ги забрани казината и обложувалниците во Македонија

Новоизградена скопска населба. На улицата се наоѓаат четири обложувалници, две казина, две кафулиња, еден маркет, една аптека, една пиљарница а ниту една градинка, нема педијатриска ординација, нема игротека. Месарницата не ја издржа високата кирија, па ја затворија. Градинка и школо има само во урбанистичкиот план, и во тој на претходната власт и на сегашната. Во оваа населба 90% од жителите се млади брачни парови со мали деца и високи камати за своите стамбени кредити, плати никакви.
Фирма на Мијалков отвора 25 обложувалници. Лиценца доби од владата на сдс, која на власт дојде јавајќи ги борците против „фамилијата мијалкови“ и слугувајќи на западните „демократски„ амбасади, притоа силно лажејќи го народот дека еднаш за секогаш ќе расчисти со криминалците како Мијалков. И не само што не го казнија, и не само што го наградија Мијалков со унапредување на сомнителните бизниси кои процветаа додека имаше целосна контрола врз безбедносните структури, туку по истиот модел клонираа уште такви криминалци. Имињата на клоновите на Мијалков се на списокот што почнува со Катица и Боки а завршетокот на овој список ќе го видиме по некоја година, кога народот ќе си ја врати украдената држава.
Пред неколку години Мијалков, со причина или не, ја уништи партијата на Љубе Бошковски со неговото апсење. Потоа „братот„ Љубе влезе во сегашната владеачка коалиција која наместо да го суди Мијалков, како што вети, таа го наградува со давање лиценца за обложувалници и „поволна политичка клима“ за неговите бизниси. Сега ја уништува дпне, која и онака се наоѓа на листата за отстрел на западните амбасади, поради македонската симболика иако од македонизмот, барем во раководството нема ниту грам веќе одамна. Логика нема, кеш колку сакаш.
„Не ме интересира политика“, вели комшијата, кој пред малку ми се пожали дека не може да дојде на ред да го запише детето во градинката преку булеварот, оти таа во нашиот блок постои само во урбанистичкиот план и на оној претходниот градоначалник од дпне и во овој сегашниот од сдс. Епа комшија, редно време е да се заинтересираш за политиката, за која преварантите од досегашните владеачки партии и тоа како се интересираат кога се работи за доделување на лиценци за обложувалници, казина, плантажи за марихуана и целиот оној сет на црни бизниси за кои официјално се молчи. Или потребно е само да се цицаат парите од народот, а не да се олесни неговиот живот?
Да, тажно е, на улица во должина од 200 метри, се наоѓаат десетина нови згради вселени со млади брачни парови со мали деца. Нема педијатар, нема градинка, нема бутик за детска облека, нема продавница за играчки. Има две казина, четири обложувалници и секако две кафулиња полни со алкохол (кафето е само изговор). Епа комшија, редно време е и ние обичниот чесен народ, после 30 години да се заинтересираме за политика и да се вклучиме во подобрувањето на нашиот животот во нашата Македонија, тука кај што се родивме, во нашата родина.
Не за еу, не за нато. Никогаш северна, само Македонија. Затвор за криминалците, слобода за народот.

Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“

пристапница

Loading...

Related posts

Leave a Comment