Македонија

Родителите на невакцинираните деца протестираат , Адеми глув на нивните барања

Родителите од здружението „Од нас за нас“ излегоа на протест и побараа невакцинираните деца да се вратат во градинките и училиштата.

За нив ова е дискриминација и не смеат децата да останат дома. Според податоците кои ги добиле само 500 деца не биле вакцинирани и најголем дел се од градинките.

Министрите за образование, здравство и труд и социјална политика не отстапуваат од одлуката невакцинираните деца да не бидат примени во градинка и училиште освен оние кои со потврда на доктор не смеат да се вакцинираат.

Одлуката невакцинираните деца да не одат во училиште и во градинка доаѓа откако во Македонија се прогласи епидемија на морбили. Од ситни сипаници беа заболени околу 1900, четири деца починаа од компликации.

Loading...

Related posts

Leave a Comment