Фудбал

Роналдо: Се враќам за две недели

С

Кристијано Роналдо незадоволен се враќа во Италија по првите два квалификациски натпревара за пласман на Евро 2020. Португалија освои само два бода во мечевите против Украина и Србија, што ги одигра на домашен терен.

Покрај неубедливата игра и неефикасноста, Португалците синоќа ги загрижи и повредата на Кристијано Роналдо. Напаѓачот на Јувентус играта ја напушти во 30. минута.

По мечот, бил лут што судијата Марчињак не досудил пенал за Португалија во 73. минута, ги одбегнал српските медиуми, а за португалските рекол дека ќе паузира помеѓу две и три недели поради повредата.

„Не сум загрижен поради мојата повреда. Го познавам своето тело, ќе бидам подготвен за две недели“, рекол Роналдо.

За спорната ситуација, наводно, судијата Марчињак признал дека згрешил. Марчињак најпрвин досуди пенал за Португалија, а потоа, по асистенција на помошникот, ја поништи одлуката.

извор
©Makfax.com.mk

Loading...

Related posts

Leave a Comment