Свет

Русија ги отвори вратите за 15.000 бели земјоделци од Јужна Африка (видео)

Земјоделците се соочуваат со прогонства во Јужна Африка

Делегација од 30 фармерски семејства од Јужна Африка пристигна во рускиот регион Ставропол, пренесува ТВ каналот Росија 1. Групата вели дека се соочува со насилни напади и смртни закани дома.

Според делегацијата, до 15.000 Бури, потомци на холандски доселеници во Јужна Африка, планираат да се преселат во Русија, во услови на зголемено насилство што произлегува од владините планови за експропријација на нивната земја.

„Тоа е прашање на живот и смрт – има напади врз нас. Во моментов политичарите плански предизвикуваат бран на насилство “, изјави Ади Слебус за медиумите. „Климата овде (во регионот Ставропол) е умерена, а оваа земја  Бог ја создал за земјоделство. Сето ова е многу привлечно “.

Новата јужноафриканска влада предводена од претседателот Кирил Рамафоса вети дека ќе го врати земјиштето во сопственост на белите земјоделци од 1600-тите години, на црните граѓани на земјата. Владата соопшти дека планира да стави крај на, како што го нарекува, наследството на апартхејдот, каде повеќето од земјата во Јужна Африка сè уште се во рацете на малцинското бело население.

Групите за права велат дека иницијативата поттикнува насилство. Имаше 74 убиства на фарми и 638 напади, првенствено против белите земјоделци, во 2016-17 година во Јужна Африка, според податоците на групата за малцински права „Афри Форум“.

Земјоделците се подготвени да дадат свој придонес во руралниот земјоделски сектор на Русија, според Росија 1. Секое семејство е подготвено со себе да донесе до 100.000 американски долари за закуп на земјиштето.

Русија има 43 милиони хектари неискористено земјоделско земјиште. Земјата неодамна започна да им дава бесплатно земјиште на руските граѓани за да се занимаваат со земјоделство. Програмата за давање земјиште, која започна во 2014 година, доживеа огромен успех.

Please follow and like us:
Loading...

Related posts

Leave a Comment

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial