Свет

САД: Убиени две момчиња додека си играле на снег – Напаѓачот држи еден заложник

Илустрација: Одговор / Халабала

ВАШИНГТОН – Две момчиња беа убиени пред еден дом во Минеаполис, а според непотврдени информации, можно е осомничениот маж да држи заложник.

Засега не е познато на која возраст биле момчињата, но полицискиот портпарол Џон Елдер рече дека тие „сè уште не биле ни тинејџери“.

Според него, момчињата веројатно играле во снегот пред куќата кога, веднаш по 10 часот по локално време, напаѓачот пукал кон нив.

Елдер рече дека полицијата верува дека има повеќе луѓе во куќата и дека се чини дека има заложничка ситуација.

Тој додаде дека полицајците кои ги пронашле телата на момчињата слушнале истрели  во близина, пренесува АП.

Loading...

Related posts

Leave a Comment