Свет

САД ja суспендираа испораката на Ф-35 во Турција

Соединетите Држави соопштија дека ja запреа испораките во Турција на опрема за борбенните авиони Ф-35, како одговор на одлуката на Анкара да продолжи со купувањето на руски системи за противракетна одбрана. “Во очекување на недвосмислената турска одлука да се откаже од испораката на С-400, испораките на Ф-35 се прекинати, додека нашиот дијалог за ова важно прашање продолжува со Турција”, рече портпаролот на Пентагон.

Вашингтон со месеци ја предупредува Анкара дека купувањето на системите за воздушна одбрана С-400 ќе ја загрози планираната набавка на напредните борбени авиони. Анкара одби да се повлече од планираното купување. На 29-ти март турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, рече дека неговата земја е посветена на договорот за купување на рускиот систем и разговараше за датумите на испорака. Руските медиуми објавија дека Турција има намера да купи четири С-400 единици по цена од 2,5 милијарди американски долари.

Loading...

Related posts