Свет

Свечено отворен гасоводот ,,Силата на Сибир”

Фото: Епа / АЛЕКСИ НИКОЛСКИ

Москва, Пекинг – Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, официјално преку телемост го пуштија во употреба еден од најдолгите гасоводи во светот – Силата на Сибир 

Гасоводот ќе испорачува гас од Русија до Кина.

Отворањето на гасоводот „Силата на Сибир“ ја подигнува руско-кинеската енергетска соработка на ново ниво, рече рускиот претседател Владимир Путин, пренесе Спутник .

„Оваа година се одбележува 70-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи (меѓу Русија и Кина). Оваа година ќе започнеме со испорака на руски гас во Кина. Овој чекор ја воздигнува руско-кинеската стратешка енергетска соработка на квалитативно ново ниво, приближувајќи нè до задачата што ја поставивме. заедно со кинескиот претседател Си Џинпинг да постигнеме билатерална трговија да порасне до 200 милијарди долари до 2024 година “, рече рускиот лидер на церемонијата на отворање.

Силата на Сибир е проект на руската компанија Гаспром и кинеската национална нафтена компанија, а гасоводот од 4.000 километри ќе може да пренесува до 61 милијарди кубни метри природен гас годишно, вклучувајќи 38 милијарди за извоз во Кина.

Гасоводот е промовиран како важна компонента во растечкото стратешко партнерство меѓу Русија и Кина.

Loading...

Related posts

Leave a Comment