Разно

Селекторот на Аргентина удрен од автомобил додека возел велосипед, се наоѓа во тешка состојба

Според пишувањата на шпанските медиуми, селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина Лионел Скалони утринава доживеал тешка несреќа кога бил удрен од автомобил додека возел велосипед на едно летувалиште во Мајорка.

За жал, според првичните неофицијални информации, Скалони се наоѓа во исклучително тешка состојба.Автомобилот го удрил во близина на училишен двор, а сведоците кои биле на местото во моментот на несреќата велат дека Скалони незгодно паднал на земја. Брзата помош пристигнала веднаш и го однела во болница, а докторите најмногу се сомневаат во тешки повреди на главата, поточно мозокот.

За потсетување, 40-годишниот Скалони ги презеде „Гаучосите“ летоска од Хорхе Сампаоли по прераната елиминација во осминафиналето од подоцнежниот шампион Франција.

Засега од аргентинската федерација не се огласија по повод овој несреќен случај.

Loading...

Related posts