Свет

Сирија, тројца руски војници повредени во експлозија

Тројца руски војници се повредени во импровизирана експлозија на бомба поставена на патот во северо-источна Сирија, соопшти руското Министерство за одбрана.

Бомбата експлодирала недалеку од оклопното возило во кое имало руски војници.

„Оклопното возило е оштетено и тројца руски војници во возилото се повредени“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Инцидентот се случил недалеку од сириско-турската граница.

Loading...

Related posts

Leave a Comment