Македонија

СКАНДАЛ : ПРИСЛУШКУВАН ПОРАНЕШНИОТ РУСКИ АМБАСАДОР!

Image result for шчербак

 

На денешното рочиште за случајот „Монструм“ се читаа транскрипти од нелегално прислушувани разговори во УБК,  а поврзани со петкратното убиство што се случи кај Смиковско Езеро во 2012 година.

Се читаа и транскрипти од разговор на неодамнешниот руски амбасадор Олег Шчербак и неименуван соговорник, кои разговараат за петкратното убиство.

Во транскриптите се вели – МВР и Владата не реагираа на време. Информациите стигнуваа преку странските агенции. Никакви докази нема. Четворица од убиените биле планирани, а петиот бил сведок, му вели соговорникот на рускиот амбасадор, кој додава дека ситуацијата не е ескалирана, но е лоша.

Соговорникот го информира амбасадорот и дека се шири шпекулација дека одмаздата е за Тетово, каде Македонец убил двајца Албанци.

Потоа и двајцата заклучуваат дека околу Нова Година имале информација дека работите ќе се раздвижат на пролет.

Ова е Скандал пар екселанс бидејќи е прислушкуван висок странски дипломат.

Зоран Заев,кој дојде на власт користејќи ги токму материјалите од прислушкуваните разговори на голем број лица итно треба да одговори кој е изворот кој му ги доставил популарно наречените бомби од прислушкуваните разговори.

 

Please follow and like us:

Related posts

Leave a Comment

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial