Свет

Столтенберг: НАТО ќе одговори на каков било напад врз Полска или Балтикот

НАТО ќе одговори на каков било напад врз Полска или балтичките земји, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг за неколку европски весници.

„Со присуството на силите на НАТО во Полска и балтичките земји, испраќаме многу силен сигнал до Русија – доколку има напад врз Полска или балтичките земји, целата Алијанса ќе одговори“, рече Јенс Столтенберг пред самитот на НАТО.

Тој додаде дека НАТО нема список на непријатели, но ќе одговори кога ќе биде потребно.

САД ја повикаа Турција да го поддржи одбранбениот план на НАТО за Балтикот и Полска.

Турција засега го отфрла тоа, изјавувајќи дека НАТО треба да даде поголема поддршка на Анкара во борбата против курдската милиција во Сирија.

Столтенберг рече дека не се спротивставува на посилниот одбранбен став во Европската унија, но дека нема поента во обидот да се замени НАТО.

Loading...

Related posts

Leave a Comment