Тенис

Федерер го преброди предизвикот од Гофан

Рожер Федерер се соочи со сет топки во првиот сет за својот противник, но сепак успеа да најде излез и да го победи Дејвид Гофан.

Швајцарецот се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај по победата од 7: 6 (7), 6: 4 и сега го очекува победникот на дуелот помеѓу Александар Зверев и Андреј Рублев.

Гофан одигра добро во воведниот сет, успевајќи да го натера Федерер да игра повеќе и да греши, но кога беше најважнона  белгиецот му се стегна раката.

Федерер на 5 : 4 и на сервис на ривалот имаше сет топка, но тој не ја искористи за потоа  Гофан да успее да направи брејк во 11 гејм и да поведе со 6:5.

Белгиецот тогаш сервираше за воведниот сет, имаше дури три сет топки, но Федерер го издржа сето тоа и израмни на 6: 6 и стигна до тајбрејк.

Во тој дел од играта, Гофан повторно имаше можност да го освои сетот, на 6: 5 и 7: 6, но повторно ги пропушти тие можности, Федерер освои три поени во низа и стигна до водство во мечот.

Во вториот сет, Федерер го скрши отпорот на Белгиецот во седмиот гејм, што беше доволно тој да ја обезбеди победата.

Please follow and like us:

Related posts

Leave a Comment

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial