Свет

Франција ќe побара помош од Русија за обнова на Нотр Дам

На Франција можеби и е потребна стручна помош од Русија за обнова на катедралата Нотр Дам, која изгоре во април, изјави амбасадорката на Франција во Москва, Силва Берман.

Амбасадорката Силва Берман се заблагодари на Русија што изрази загриженост во врска со овој пожар во катедралата Норт Дам.

“Ние формиравме агенција во Париз која работи на реставрација на катедралата Нотр Дам и ќе контактира со Москва. Тие ќе утврдат каква стручна помош ни е потребна. Ние сме подготвени да повикаме експерти во Париз”.

Набргу откако избувна пожарот, рускиот претседател Владимир Путин  понуди помош од најдобрите руски експерти  за обнова на катедралата стара повеќе од 600 години. 

Познатата париска средновековна катедрала Нотр Дам, настрадаво голем пожар на 15 април .

Кулата и голем дел од покривот биле уништени, додека остатокот од зградата, главните уметнички дела и реликвиите се спчувани.

Причините за катастрофата сè уште не се познати.

Please follow and like us:
Loading...

Related posts

Leave a Comment

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial