Свет

Хаос во Барселона: Стотици илјади на улиците, пожар, судири со полицијата ВИДЕО / ФОТО

ЕПА-ЕФЕ / Алехандро Гарсија

Барселона – Демонстрантите се судрија со полицијата на петтиот ден од протестите во центарот на Барселона. Стотици илјади луѓе со знамето на Каталонија целосно го парализираа градот.

Генералниот штрајк беше организиран на покана на синдикатите кои се залагаат за независност на Каталонија, при што демонстрантите бараа ослободување на затворените каталонски сепаратисти , пренесува АП.

Шпанското Министерство за внатрешни работи објави дека распоредило цивилни стражари во предградието на Барселона, пренесува Спутник.

Масовниот собир започна порано во петокот, што го отежнува функционирањето на железничкиот и воздушниот сообраќај бидејќи беа откажани 57 летови.

Во центарот на Барселона се судрија  полицијата и демонстрантите.

 

Please follow and like us:
Loading...

Related posts

Leave a Comment

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial