Свет

Херојот од нападот во Лондон всушност и самиот е убиец, осуден на доживотен затвор

Лондон – Џејмс Форд, еден од сведоците на терористичкиот напад, всушност и самиот е убиец, осуден на доживотен затвор.

Форд ја уби Аманда Чемпион во 2003 година, а за време на инцидентот на мостот во Лондон бил на еднодневен отпуст од затворот.

Форд се обидуваше да спаси една од жртвите и да го разоружа Усман Кан, терористот кој го изврши нападот. Претходно истиот ден, Форд присуствуваше на конференцијата „Да учиме заедно“ посветена на рехабилитацијата на затворениците. Усман Кан исто така беше на конференцијата кога се закани дека ќе ја „разнесе зградата“, пренесува Independent.

„Тој е убиец на еднодневен отпуст, за кој ние како семејство на убиената не знаевме. Тој уби девојка со ментално растројство. Тој не е херој,не ме интересира што направил на мостот”,рече Ангела Кокс,роднина на убиената Аманда.

Аманда Чемпион беше пронајдена во 2003 година со пресечен врат, три недели откако исчезна. Форд бил уапсен откако Самарјанин, кој поради тоа  бил отпуштен од работа, го прекинал заветот на анонимност за да ја извести полицијата дека Форд се јавил и признал што направил.

Форд го признал убиството, но никогаш не ги кажал причините зошто го сторил тоа

Loading...

Related posts

Leave a Comment