Македонија

Љубомир Цуцуловски : ЗГОДЕН НАЧИН

Фотографија на Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski.

ЗГОДЕН НАЧИН

Таканаречениот проект „Мал Шенген“ е згоден начин Србија да се ослободи од непотребните делови на Косово, да се спои со Република Српска, а Босанската федерација конечно да ја снема. Во исто време, овој проект е згоден сите т.н. албански територии да се припојат кон Албанија, а Република Македонија да ја снема. Ова е, исто така, згоден начин Хрватска да се вовлече во несакана авантура, бидејќи секогаш постојат одредени структури, кои не можат да се помират со фактот да живеат без Херцеговина. Така, преку овој процес, може да се постигне целосна дестабилизација на регионов, која ќе се одрази повеќекратно. Оттука, можеби, и произлегуваат резервите што БиХ, Хрватска, како и Црна Гора ги покажуваат кон него. А Бугарија? Бугарија, како и секогаш кога се работи за сериозни процеси, молчи и го чека својот момент. Наедно, не верувам дека учесниците во овој процес не се свесни за овие опасности. „Загледани“ кон „иднината“, тие (наводно) не гледаат во што учествуваат, ниту „не гледаат“ што им се случува пред носевите.

Љубомир Цуцуловски

Please follow and like us:
Loading...

Related posts

Leave a Comment

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial